Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шведска испраќа моќен систем за противавионска одбрана на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
svedska

Шведска денеска објави дека Украина ќе добие нов пакет воена помош вреден 12,9 милијарди шведски круни, односно 1,42 милијарди долари, со нагласок на зајакнување на противавионската одбрана, соопшти шведското Министерство за одбрана. Ова е најголемиот поединечен пакет помош што Шведска досега го обезбедила, пишува The Kyiv Independent.

— реклама —

Главен дел од пакетот е шведскиот систем за противавионска одбрана краток дострел, модуларно дизајниран и составен од артилериски и ракетни системи, пресретнувачи, средства за електронско војување, активни и пасивни сензори, како и системи за команда и контрола. Иако во соопштението не е наведено точното име на системот, во последните шведски изјави се спомнува системот Tridon, произведен од BAE Systems Bofors. Tridon е самоходен противавионски топ калибар 40 мм со далечинско управување, способен да се спротивстави на дронови, крстосувачки ракети, авиони и оклопни возила, и е во оперативна употреба од 2022 година.

— реклама —
— реклама —

Оваа помош доаѓа во време кога Украина се соочува со недостиг на ракети за противавионска одбрана. Портпаролот на украинското воздухопловство, Јуриј Ињат, на почетокот на февруари изјави дека понекогаш недостатокот на проектили оставал некои украински системи без муниција. Истовремено, со доаѓањето на зимата, Русија ги зголеми нападите врз украинската енергетска инфраструктура во обид да предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија на национално ниво.

— реклама —

Пакетот вклучува и муниција, меѓу која се артилериски гранати долгиот дострел, различни видови противавионска муниција калибар 40 мм и муниција калибар 120 мм за минобацачи, како и проширување на проектот за соработка со Украина на беспилотни летала со долг дострел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 ден

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 2 дена

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања