Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Шведски министер: Губиме цела генерација поради бескрајното скролање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryc7chamekibtn0TX14z7

Шведска размислува за воведување минимална старосна граница од 15 години за користење на социјалните мрежи, согласно препораките на владина комисија која ги анализирала последиците од дигиталните платформи врз децата и младите.

— реклама —

Истражувачката Лиса Енглунд Крафт изјави дека придобивките од ваквата мерка ги надминуваат аргументите за неограничен пристап до социјалните мрежи.

Според предлогот, компаниите кои управуваат со социјалните платформи би биле одговорни за проверка на возраста на корисниците. Во моментов во Шведска постои правило според кое децата помлади од 13 години можат да отворат профил само со согласност од родителите.

— реклама —

Шведскиот министер за социјални прашања и јавно здравје, Јакоб Форсмед, предупреди дека прекумерното користење на социјалните мрежи станува сериозен општествен проблем.

— реклама —

„Губиме цела генерација поради бескрајното скролање“, изјави Форсмед, додавајќи дека влијанието на екраните и социјалните мрежи врз здравјето на децата и младите е еден од најголемите предизвици на денешницата.

Слични мерки се разгледуваат и во други европски земји. Во соседна Норвешка, владата најави дека до крајот на годината ќе предложи закон со кој користењето социјални мрежи ќе им биде забрането на лица помлади од 16 години.

Пионер во ваквите ограничувања е Австралија, која минатата година стана првата земја во светот што воведе забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v9vvctar8eo08lL2NJ

Шведската влада ги забрани ChatGPT и Claude на владините компјутери

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarytapdvptrhlcdc0yJXvA

(Видео) Меч за паметење во Шведска: 11 гола во едно полувреме, победнички гол во 90+9. минута!

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryej2ullc6eais6dhI3az

Шведски модел - како една земја ја менува културата на пушење цигари?

Магазин | пред 1 месец

svedska

Шведска утре гласа: Избори што ќе одлучат дали крајната десница влегува во владата

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања