Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Светлана Мојсов добитник на светската награда на хуманизмот за 2025 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

ОО
DSC_7160-scaled-1440x958-1

На големиот празник посветен на Свети Климент Охридски кој бил основач на средновековната школа по хуманизам , денеска напладне во куќата на Уранија беше врачена наградата за хуманизам за 2025г на Светлана Мојсов, а ја доделува Охридската академија на хуманизмот.

Светлана Мојсов е 19-та по ред добитничка на ова престижно признание, а втора од Македонија по академик Георги Старделов. Мојсов е професор на универзитетот Рокфелер во САД. Таа има огромен придонес во современата македонска медицина, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.

— реклама —

На настанот се обрати градоначалникот Кирил Пецаков:

— реклама —

— реклама —
– Почитуван Јордан Плевнеш, Претседател на Охридската академија на хуманизмот, ценети почитувачи на ренесансното и филозофско научно движење за воздигнување на личноста, драги охриѓани и пријатели на Охрид.

Нашиов град кој денеска се поклонува во чест и спомен на најголемиот светител и просветител Св. Климент Охридски, денеска е и центар на Хуманизмот што векови и векови пред нас го основал тoкму тој, големиот Климент кој верувал дека со Просвештение се доаѓа до сапсение. 

Во овој празничен ден кога славиме за нашата вера и описменување се собра целата домашна и меѓународна асемблеја, a по повод долелувањето на светската награда за хуманизам. Уште поголемо е задоволството што и покрај сите големи дискурси што се одвивале во светски познати центри на културата сепак на крај Светските елити се враќаат на самите извори на хуманизмот во нашиов убав град Охрид.  

 Денес највозвишено се чувствуваат сите оние кои припаѓаат на нашиот род македонски затоа што годинешен добитник на Светската награда за хуманизам е Светлана Мојсов, родум од Скопје професор на Универзитетот Рокфелер во САД. Наградата и се доделува за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справивање со дијабетесот и дебелината како и за ублажување на социјативни форми на патологии. По Георги Старделов таа е втор по ред добитник на ова престижно светско признание од Македонија што не прави особено горди и среќни.

 Пред нејзиното официјално овенчување со ова престижно признание сакам да упатам јавна благодарност до амбасадорот Јордан Плевнеш и до Охридската Академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која се активира генетскиот код и колективната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот основана токму од Климент Охридски пред кого денес се поклонуваме. 

Во време на планетарни потреси, климатски промени, природни катастофи, поплави, бури и пожари со невидени размери, со воени жаришта и конфликти во кои се вовлекува цел Свет школата на хуманизмот доаѓа како мелем, дрво од рајот кој испушта длабоки кореник, а неговите кислородни капки не спасуваат од нашето битисување. Како хранилка на нашата духовност, на нашата здраворазумност поткрепена со хуманистички заклучоци од научни светски умови, школата на хуманизмот стана наша неопходност. Токму затоа Општина Охрид секогаш ќе го подржува овој величествен и исклучително значаен културен настан. Пред крајот на моето обраќање уште eднаш и честитам на годинешната добитничка Светлана Мојсов за големата награда и и посакувам успеси и во иднина– подвлече Пецаков кој на добитничката на наградата и врачи резбана статуетка на Св. Климент Охридски.

Денеска беше посетена и локацијата каде ќе биде поставено спомен обележјето на хуманизмот, дело на уметниците, Жарко Башески од Македонија и Светлин Русев од Бугарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до крајот на годинава или почетокот на следната, вели Николоски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ujp_smetki

Сметките во Охрид растат до 50%: Поскапуваат услуги и такси-превоз

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfe0g2lkm4rfe5a5Sw20

Охрид добива 200 нови паркинзи: Пецаков очекува новата катна гаража да се отвори до следната туристичка сезона

Македонија | пред 2 седмици

media-library0kp2iu5jcvobbXCM3gM

Нов напредок на патот Охрид–Кичево: Од денес во функција клучката Требеништа

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања