Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Светските резерви на дизелот на најниско ниво во последните 35 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o
unsplash

Залихите на дизел во одредени делови од светот се на најниско ниво за почетокот на ноември во последните 35 години, предупреди извршниот директор на државната нафтена компанија на Обединетите Арапски Емирати, АДНОК, Султан ал Џабер.

— реклама —

Говорејќи на конференцијата АДИПЕК, тој посочи дека глобалните залихи на нафта се намалиле за речиси една милијарда барели од почетокот на војната на Блискиот Исток кон крајот на февруари и нарушувањата на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Со тоа, значително се намалиле и резервите што служат како заштита од прекини во снабдувањето со енергенси.

— реклама —

Ал Џабер предупреди дека цените на дизелот на многу пазари нагло пораснале и достигнале рекордни вредности, зголемувајќи ги инфлаторните притисоци и трошоците за живот. Тој оцени дека се потребни поголеми стратешки складишта, повисоки резерви на нафтени деривати и пофлексибилни капацитети за преработка поблиску до потрошувачките пазари.

— реклама —

Според него, трошоците за транспорт и логистика сега достигнуваат 30 проценти од цената на барел нафта, наспроти околу пет проценти пред војната со Иран.

— реклама —

Конференцијата АДИПЕК се одржува од 2 до 5 ноември во Абу Даби, а една од главните теми е состојбата на светскиот пазар на енергенси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

До 2 ноември дизелот со попуст од 2 денари по литар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот со попуст од два денари по литар, мерката ќе важи до 2 ноември

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Русија ја ублажува забраната за извоз на дизел: 500.000 тони ќе стигнат на светскиот пазар

Свет | пред 3 седмици

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Дизелот урна рекорд во Британија: Еден резервоар сега чини 110 фунти

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања