Промени тема
Контакт

Русија ја ублажува забраната за извоз на дизел: 500.000 тони ќе стигнат на светскиот пазар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Руската влада во саботата делумно ја укина забраната за извоз на дизел-гориво, овозможувајќи во почетната фаза на светскиот пазар да бидат пласирани 500.000 тони од овој енергент.

— реклама —

Одлуката стапува во сила во рамките на договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти руската влада.

— реклама —

Според одлуката, руските нафтени компании веднаш ќе почнат да договараат испораки на дизел со странски партнери, со согласност од владата, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Трамп во петокот изјави дека во разговорот со Путин било договорено Русија да испорача неколку милиони тони дизел-гориво на американскиот и на светскиот пазар. Тој оцени дека тоа би можело брзо и значително да ги намали цените на овој енергент.

— реклама —

На својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека Русија веднаш ќе испорача повеќе од 300.000 тони дизел, дополнителни 500.000 тони во текот на ноември, а потоа и уште еден милион тони во наредниот период.

Рускиот претседател, по разговорот со Трамп, изјави дека Москва ја потврдила подготвеноста да испорачува нафта и нафтени деривати на американскиот и на светскиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3cug5ap9b9p1btNQd79

Дизелот урна рекорд во Британија: Еден резервоар сега чини 110 фунти

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Рекордно поскапување: Дизелот во ЕУ над 2,2 евра за литар

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Шок на германските бензински: Дизелот достигна 2,56 евра за литар

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот во Америка достигна историски рекорд, над шест долари за галон

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања