Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Тајван со прва реакција по изјавите на Трамп: Нема да бидеме жртвувани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarylkri63l6ml7a840tEZR
wikimedia commons

Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те порача дека Тајван нема да биде жртвуван ниту предмет на политичка трговија, нагласувајќи дека островот нема да се откаже од својот демократски и слободен начин на живот.

Во објава на Фејсбук, Лаи изјави дека американската продажба на оружје за Тајван е законска обврска на САД и дека островот нема да попушти под притисок.

— реклама —

Неговата реакција доаѓа по самитот во Пекинг меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг, кој предизвика загриженост во Тајван околу идната американска поддршка.

— реклама —

Трамп изјави дека сè уште размислува дали да продолжи со нова продажба на оружје за Тајван и порача дека САД не сакаат некој да прогласи независност мислејќи дека Вашингтон целосно ќе го поддржи.

Тој ја опиша Кина како „неверојатно моќна и голема земја“, а Тајван како „мал остров“, додавајќи дека островот „ѝ ја украл индустријата за чипови“ на Америка.

— реклама —

Лаи истакна дека жителите на Тајван се загрижени поради разговорите меѓу Трамп и Си, но воедно ѝ се заблагодари на американската влада за поддршката на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец.

— реклама —

„Нема да провоцираме ниту да ја ескалираме ситуацијата, но нема да се откажеме од нашиот суверенитет, достоинство и слободен начин на живот“, порача тајванскиот претседател.

Кина го смета Тајван за своја територија и не ја исклучува можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Хакерски упад во тајната база на ФБИ, Трамп спомена можни нови сознанија за „руската измама“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Трамп бара „Енвидија“ да го врати Џенсен Хуанг на чело на компанијата

Свет | пред 9 часа

media-libraryu8h9clisoc2m7kEcTke

Британските партии се дистанцираат од Трамп: Фотографијата со Путин предизвика остри реакции

Свет | пред 1 ден

media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања