Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Така не се протестира, туку се дезертира“: Мицкоски објасни зошто Македонија не го бојкотирала Нетанјаху

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0jhrgg546mb58LVZb0Y

Премиерот Христијан Мицкоски го образложи ставот на македонската делегација во врска со обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации, откако дел од странските делегати демонстративно ја напуштија салата.

— реклама —

Запрашан зошто македонската делегација не го напуштила обраќањето како форма на протест, Мицкоски рече дека за него таквиот потег би претставувал „дезертирање од реалноста и суштината“.

— реклама —

„Јас не сум човек кој не сака да се соочи со реалноста. За мене бегање е дезертирање. Така не се манифестира протест, туку се дезертира од реалноста и суштината. Има покреативни работи за тоа. Јас сакам да се борам и да победувам“, рече Мицкоски.

— реклама —

Десетици дипломати и делегати ја напуштија салата кога Нетанјаху го започна своето обраќање пред Генералното собрание на ОН. На ваков чекор претходно повика палестинската делегација, а напуштањето на салата беше претставено како протест против политиките на израелската влада.

— реклама —

Од македонското Министерство за надворешни работи претходно беше потврдено дека претставник на македонската делегација присуствувал во салата за време на говорот на Нетанјаху, без да биде соопштено за кој претставник станува збор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски: Владата на СДСМ во 2023 година носела одлука поврзана со Алта банка и Давор Мацура

Македонија | пред 19 часа

media-librarychnerospkash5j7nNgr

Мицкоски: Нема предвремени избори, следните две години треба да обезбедиме пет милијарди евра

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања