Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тасевска: Силјановска да им се извини на пенизонерите за навредите со Мапет шоу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

,,СДСМ неколкупати ги покачи пензиите и во споредба со времето на ДПМНЕ просечната пензија е покачена во просек за 6.400 денари.

Овој месец следува и ново зголемuвање на пензиите од 5,3% согласно новата методологија којашто ја донесовме заедно со пензионерите.

Дополнително, во новиот пакет антикризни мерки обезбедивме месечна поддршка и до 15.000 денари во период од 5 месеци за пензионерите со пониски пензии.

— реклама —

СДСМ ги почитува и се грижи за нашите повозрсани граѓани.

Додека СДСМ ги покачува пензиите кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска слушаме како ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Крајно несоодветно, непримерно и неодговорно.

— реклама —

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани ниту навредувани.

Затоа Силјановска треба да излезе и да им се извини на пензионерите за навредите.

— реклама —

Односот на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје.

— реклама —

Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре!

Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања