Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата италијански војници кои загинаа минатата недела во пад на воен хеликоптер во Босна и Херцеговина беа испратени во понеделникот од Меѓународниот аеродром во Тузла кон Италија.

— реклама —

На испраќањето присуствуваа нивни колеги од мисијата ЕУФОР, претставници на институциите во Босна и Херцеговина, како и членовите на семејствата на загинатите.

— реклама —

Во несреќата животот го загубија офицерите на италијанската војска Симоне Руџи и Клаудио Маркези, како и припадниците на Доброволниот воен корпус на Италијанскиот црвен крст Франко Адријано Зекило и Лаура Проначи.

— реклама —

„За заедницата на ЕУФОР, нивното заминување од БиХ претставува момент на длабока тага“, изјави на церемонијата командантот на операцијата ЕУФОР Алтеа, генерал-мајор Маурицио Фронда.

— реклама —

Во падот на италијанскиот воен хеликоптер CH-47 „Чинук“, во близина на местото Горице кај Брчко, загинаа четири лица, а уште 11 беа повредени. Во леталото во моментот на несреќата имало вкупно 15 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 3 дена

— реклама —
dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 5 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

media-library5feal5v46boaeSimegn

Американка загина пред своето семејство на одмор во Италија, паднала од височина од 300 метри

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања