Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Тензиите растат: Танкерите се повлекуваат од Ормутскиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
SeKXr-

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец и натаму е сериозно нарушен, откако два танкера со течен нафтен гас се повлекле при обид да го напуштат Персискиот Залив.

— реклама —

Според податоците од системите за следење на бродови, станува збор за пловилата „Меда“ и „Г Самер“, кои биле единствените со активни транспонтери што денеска се обиделе да минат низ теснецот. Двата брода, сепак, се свртеле и ја промениле насоката јужно од иранскиот остров Ларак.

— реклама —

„Меда“ е во индиска сопственост и управување и испловила од сидриште кај Обединетите Арапски Емирати, додека „Г Самер“, во кинеска сопственост, тргнал од Кувајт.

— реклама —

Во меѓувреме, не се регистрирани други бродови што се обиделе да го поминат теснецот во кој било правец, откако Иранската револуционерна гарда објави дека пловниот пат повторно е затворен за сообраќај.

— реклама —

Ситуацијата дополнително ги зголемува стравувањата за глобалниот енергетски пазар, имајќи предвид дека преку Ормутскиот теснец минува значителен дел од светската трговија со нафта и гас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран постави седум услови за мир со САД: Техеран одбива преговори додека не бидат исполнети

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-library7sd7l1ft0puv5KUV65e

Иран ги засилува нападите во Ормускиот Теснец, погодени три танкери

Свет | пред 6 дена

media-library06go5cls328ccyseqYv

Иран со јасна порака: „Попуштањето пред противникот не е начин да се стави крај на војната“

Свет | пред 6 дена

tramp-iran

Иран му постави „црвени линии“ на Трамп: Подготвен е за договор, но бара гаранции

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања