Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тепачка меѓу жени на паркинг на Бит Пазар, кражби на оружје, апсење на син поради закани кон татко му - полицијата во Скопје со полни раце работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
DSC_0052

Во текот на изминатите два дена, во СВР Скопје се евидентирани повеќе случаи на физички напади, закани и тешки кражби на различни локации во главниот град и скопско, информира Министерството за внатрешни работи.

На 23 јануари околу 22:40 часот, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека била физички нападната од друго женско лице на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање околу паркирање. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

— реклама —

Ден претходно, на 22 јануари во 17:20 часот, 54-годишен скопјанец пријавил тешка кражба во неговата викенд-куќа во селото Бразда. Според пријавата, во периодот од 18 до 22 јануари, од објектот биле одземени пневматска воздушна пушка од марката „Хатсан“, модел „AIR TACT ED“, како и пари.

— реклама —

Истиот ден, на 23 јануари околу 22:30 часот, жител на општина Илинден пријавил дека неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од тројца малолетници на паркинг простор во селото Марино. Според пријавеното, едно од лицата употребило метален предмет. Случајот се истражува.

Уште еден физички напад бил пријавен од 18-годишен скопјанец, кој на 23 јануари во 23:20 часот пријавил дека ноќта претходно, пред влезот на неговата зграда во Чаир, бил нападнат од неколку лица.

— реклама —

Полицијата на 23 јануари во 11:40 часот лишила од слобода 27-годишен маж од скопско, по пријава од неговиот 60-годишен татко, кој добил заканувачки пораки по мобилен телефон за неговиот живот и животот на сопругата. По целосно документирање, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Дополнително, на 22 јануари, 39-годишен жител на Чаир пријавил тешка кражба во неговиот дом, извршена во периодот од 15:00 до 19:40 часот. Од куќата биле одземени 120.000 денари, златен накит и лаптоп. Извршен е увид и истрагата е во тек.

Од МВР информираат дека за сите пријавени настани се преземаат соодветни мерки со цел нивно целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 10 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Македонија | пред 16 часа

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

Жена пријавила дека сопругот во бракоразводна постапка ја следел и испраќал фотографии од локацијата на нејзиниот син, а преку друго лице му упатил закани на нејзиниот син

Македонија | пред 16 часа

media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Приведен скопјанец осомничен за напад врз својата партнерка

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања