Промени тема
Контакт

Тепачот на жени Ацевски дефокусира од тоа дека партијата му е водена од аболиран криминалец која киднапираше пратеник, врати опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
image-156377

„Костадин Ацевски е поранешен пратеник сега директор на Македонија Пат кој е познат по тоа што си ја тепаше жената и беше пријавен за тоа во полиција. Само поради тоа што Спасовски ја контролира полицијата таа пријава беше заташкана. Навистина е дегутантно преку тепачот на жени Ацевски СДС да изразува лажна загриженост за владеењето на законите во државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Костадин Ацевски.

Тие додаваат:

„Впрочем доколку некој се прашува зошто сеуште има завеани планински села во Македонија со снег, зошто во Галичник мора да се спасуваат во хеликоптер жители и патот е непрооден, зошто Стража, Дебар се редовно отсечени, е поради тоа што тепачот на жени од СДС Ацевски наместо на работа држи партиски пресови.

А сега околу суштината:

— реклама —

Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството.

— реклама —

Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање.

Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски.

— реклама —

Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија“.

Ацевски: Мицкоски и раководството да си поднесат оставки и да се повлечат - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања