Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Тешка исповед на мајката на загинатиот Андреј во „Пулс“: Животот ми остана темница, те изгубив легнат на кревет без изгореници...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
marija-petrusova

Шест месеци по трагичниот настан во Кочани, кога меѓу жртвите беше и нејзиниот син, мајката Марија Петрушева ги сподели своите болни чувства и неизмерната тага во јавна исповед. Во емотивниот текст таа раскажува како секој ден се обидува да ја почувствува присутноста на синот Андреј преку старите пораки и снимки на мобилниот телефон.

— реклама —

Нејзината исповед, во целост:

— реклама —

„Син на мајка – Андреј. Сине мој, сè уште стоиш во мојот телефон како 'Син на мајка'. Секој ден повторно ги отворам нашите разговори и читам... барам трага од тебе, глас што нема да замолчи. Зборови што ми се како здив, но и како нож. Телефонот ми е во рака, проверувам – дали си ми пишал, дали имам пропуштен повик... секојпат се надевам на чудо. Сеуште ја бирам твојата шифра, почнувам порака – пишувам, пишувам – а одговор нема. Само мртва тишина.

— реклама —

Поминаа шест месеци, сине. Шест месеци без тебе, без твојата насмевка, без твоите прегратки. И јас одбивам да прифатам дека никогаш нема да се вратиш. Душата ми е искината на милион парчиња. Секој ден ми е потежок, секој здив ми е потежок. Болката расте, а со неа и празнината.

Секогаш се сеќавам на ноќта... Ноќта кога петнаесет минути неизвесност беа мојата најголема светлина. Последната вест што ја слушнав кога ве барав пред ужасот кој го затеков пред дискотеката: „Со амбулантно возило отидоа во болница, Андреј беше со слаб пулс, Кристијан е во свесна состојба, со него е...“ Петнаесет минути надеж. Петнаесет минути вера дека ќе останете живи и двајцата. А потоа... кога влегов и те видов легнат на кревет, без изгореници... не сфатив. Не прифатив. Не можев да поверувам дека е готово, дека те изгубив засекогаш. Само гласот на брат ти одекна до мене: „МАМО, МАМО, НЕ УСПЕА БРАТ МИ, ГО ИЗГУБИВМЕ ЗАСЕКОГАШ!“

Тој крик ми ја распарчи душата. Се обидувавме да те анимираме, да те вратиме... Се борев да ја грабнам твојата душа назад, но Господ не ме послуша. Плачев: „Земи ме мене, Господи, остави го него. Тој е млад, тој е мојата иднина, тој е мојот живот!“ Но не... те изгубив, сине. Те изгубив засекогаш.

Се враќам на тој ден – 16 март 2025 година – денот кога светот престана да постои за мене. Денот кога ми згасна сонцето. Денот кога ја изгубив мојата сила. Зошто, Андреј? Зошто не успеа? Зошто не можеше да се спасиш? Илјада прашања ми горат во мислите, но одговори нема. Само болка. Само црнина.

Животот ми остана темница. Секој здив е како нож. Секој чекор е без смисла. Сине мој, ангеле мој – ми недостигаш повеќе од сè, повеќе од зборови. Те барам во сонот, те очекувам на вратата – да влезеш со насмевка и да ми речеш: „Мамо, тука сум“. Но се будам, и вистината пак ме убива. Ќе продолжам да пишувам пораки што никогаш нема да стигнат. Ќе продолжам да те барам во секоја светлина, во секој здив, во секое срце што чука околу мене. Зашто ти, Андреј мој си и ќе останеш мојата вечна љубов, мојата вечна рана, мојата вечна болка.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања