Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тешка сообраќајка на патот Гостивар – Кичево: Двајца повредени, едно возило паркирано било зафатено во судирот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
soobrakajka
Илустрација / Скопје1

Утрово околу 07:20 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Строгомиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле вклучени три возила, при што две лица се повредени – едното потешко.

— реклама —

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до несреќата дошло кога патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот И.Л. од село Зајас, се судрило со товарно возило „Пежо“ управувано од 34-годишниот Г.Ј. од село Колари. По судирот, „Ауди А4“ продолжило и удрило во паркирано возило „Ауди А5“, сопственост на 27-годишниот К.З. од Горно Строгомиште.

— реклама —
— реклама —

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Ауди А4“, И.Л., додека возачот на товарното возило Г.Ј. добил телесни повреди. Двајцата биле пренесени и прегледани во Медицинскиот центар во Кичево.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на ОВР Кичево. Се работи на утврдување на причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 13 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 16 часа

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Пукале кон автомобил во Сарај додека во него седеле две лица

Македонија | пред 16 часа

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Ја нападнал партнерката, а потоа со тврди предмети и го оштетил возилото

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања