Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Тешка сообраќајна несреќа кај Желино: Едно лице тешко повредено, меѓу повредените и две деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

На регионалниот пат меѓу селото Желино и Тетово, вчера наутро се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а повеќе лица, меѓу кои и две деца, се повредени.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Тетово на 30 декември 2025 година во 10:35 часот. Во судирот учествувале патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Љ.П. (44) од селото Голема Лешница, тетовско, и патничко возило „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Х.Љ. (40) од селото Добарце, тетовско.

— реклама —

По меѓусебниот судир, возилата удриле и во паркирано патничко возило „Јагуар“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.З. (31) од селото Требош, тетовско.

Во сообраќајната несреќа, возачот на „БМВ“-то, Љ.П., се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобиле и неговиот сопатник Ј.Е. (20), возачот на „Голф“-от, како и неговите сопатници Г.Ј. (41), Л.С. (43) и две деца на возраст од пет и шест години.

— реклама —

Сите повредени биле пренесени и згрижени во Клиничката болница во Тетово, каде им биле констатирани повредите.

— реклама —

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово, а причините и околностите под кои дошло до судирот се предмет на натамошна истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Скопјанец приведен во Битола, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 30 минути

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведени две лица во Прилеп поради пронајдена прашкаста материја

Македонија | пред 31 минута

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

Македонија | пред 35 минути

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Сува трева и дел од куќа изгореле во пожар во Нераште

Македонија | пред 37 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања