Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско–Прилеп: Двајца прилепчани го загубија животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy
Илустрација / Скопје1

Две лица го загубија животот, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на експресниот пат Градско–Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 јуни во 13:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „Шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р. (51) од Прилеп, и патничко возило „Фолксваген голф“, исто така со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (39) од Прилеп.

— реклама —

На местото на несреќата животот го загубиле возачот на „шкодата“ и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, која била сопатник во возилото. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кавадарци.

Возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кавадарци, по што бил префрлен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

— реклама —

Увид на местото на трагичната несреќа извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци, а се преземаат мерки за утврдување на причините што довеле до судирот.

— реклама —

Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец бил во прекин и нормализиран во 17:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 16 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања