Промени тема
Контакт

„Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ - а не слепо црево“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ преку соопштение упати остри критики кон министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски по неговата изјава дека Македонија им нуди на индиските компании конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар.

Од партијата прашуваат како земјата може да биде „порта кон Европа“ кога, според нив, е изолирана и со блокирани евроинтегративни процеси.

„Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар?“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Во соопштението се обвинува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека две години ја држи државата надвор од европскиот пат и дека реформите се во застој.

— реклама —

СДСМ тврди дека извештаите на Европската комисија укажуваат на проблеми со владеењето на правото и политизираноста на правосудството, а воедно наведува дека странските инвестиции се намалени, што, според партијата, е показател за лошата бизнис-клима.

Во реакцијата се изнесуваат критики и за надворешната политика на Владата, како и за нејзиниот однос кон евроатлантските интеграции, при што се наведува дека Македонија наместо кон Европа се движи кон изолација.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека изјавите за нови перспективи за соработка не соодветствуваат со, како што велат, реалната состојба во државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 23 часа

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизниси“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања