Промени тема
Контакт

„Тинекс“ со нов сопственик по повеќе од 30 години: Преминува во рацете на „Проекс интернационал“ од Приштина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
20220920202159

По повеќе од три децении под домашна сопственост, малопродажниот синџир „Тинекс“ влегува во нова фаза. Од петокот, сопственик на малопродажниот бизнис е косовската компанија „Проекс интернационал“ од Приштина.

— реклама —

Преземањето се реализира преку новоформираното друштво „Тинекс маркет“, преку кое ќе продолжи работењето на супермаркетите што досега беа дел од „Тинекс-МТ“.

Со промената на сопственичката структура доаѓа и до промена на управувањето. За нов управител на „Тинекс маркет“ е назначен Лиридон Бериша од Косово, кој ја презема функцијата од Кристина Тодоровиќ-Николиќ.

— реклама —

Трансакцијата претходно ја доби согласноста од Комисијата за заштита на конкуренцијата. На 25 август Комисијата ја одобри концентрацијата со која „Проекс интернационал“ стекнува контрола врз „Тинекс маркет“ ДООЕЛ, Скопје.

— реклама —

Во преземањето е опфатен досегашниот супермаркетски бизнис на „Тинекс-МТ“, односно работењето под брендовите „Тинекс“, „СуперТинекс“, „Тинекс деликатес“, „Конто“ и „Спот“.

„Проекс интернационал“ е компанија со седиште во Приштина, чија основна дејност е малопродажба во неспецијализирани продавници, со главен фокус на храна, пијалаци и тутунски производи.

— реклама —

Компанијата е дел од „Проекс група“, која, покрај малопродажбата, се занимава со увоз и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, управување со супермаркети и логистика, како и со трговија, складирање и дистрибуција на нафтени деривати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

20220920202159

Косовската фирма доби зелено светло да го преземе „Тинекс“ сосе „СуперТинекс“, „Тинекс Деликатес“, „Конто“ и „Спот“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
20220920202159

„Тинекс“ се продава на косовска компанија: По месеците гласини за долгови и проблеми, ланецот маркети пред нови сопственици

Македонија | пред 1 месец

media-librarygvq88uqmvr4g6rF03mD

По шпекулациите за пропаѓање, Тинекс: Имаме предизвици со ликвидноста

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања