Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ТИРЗ: Изградба на две нови фотонапонски централи во ТИРЗ Струмица и Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
tirz

Во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Струга ќе се градат две фотонапонски централи со вкупна моќност од близу 8MW. Двете централи ќе се градат во рамки на јавно-приватно партнерство со турската компанија Фидес Електрик енерџи, избрана на јавен повик. Јавниот повик беше отворен на крајот на ноември 2023г. во постапка согласно Законот за јавни набавки, во траење од 45 дена, под исти услови за домашни и странски компании.

— реклама —

Во рамки на повикот беа доставени две понуди. Една од избраната компанија, како и една од израелско – кинески конзорциум. Турската компанија ќе треба да изгради фотонапонски електроцентрали во двете зони со вкупна моќност од близу 8 MW. Согласно доставената понуда и спроведената аукција 10% од приходите остварени од производството на електричната енергија компанијата е обврзана да ги уплаќа во државниот Буџет.

Договорот за јавно приватно партнерство се склучува на 25 години. По истекот на овој период, приватниот партнер е обврзан да ја пренесе сопственоста на фотонапонските централи на државата со 80% производствен капацитет. Земјиштето останува сопственост на државата. Приватниот партнер ќе плаќа и годишна такса за земјиштето (наем) од 40 денари за м2.

— реклама —

Со овие инвестиции, ТИРЗ има за цел да придонесе кон зајакнување на енергетските капацитети на државата, како и на забрзување на транзицијата кон економија базирана на зелена енергија што е глобален тренд. Токму пристапот до енергија од обновливи извори е барање односно приоритет за повеќето од странските компании кои работат односно имаат интерес да инвестираат во С.Македонија. Со фотонапонските централи директно се придонесува кон зголемување на атрактивноста за инвестирање во земјата.

До крајот на месец март ќе се објави и нов повик за јавно приватно партнерство за изградба на фотонапонски централи, за која цел се определени над 40 хектари земјиште во ТИРЗ Скопје, Штип и Прилеп. Станува збор за земјиште што не е погодно за вршење на друга дејност (индустрија) односно гранични парцели кои стојат неискористени над 15 години, а кои со оваа постапка ќе се стават во функција и ќе носат значителни приходи на државата. Јавниот повик ќе биде под исти услови како и успешно завршениот за ТИРЗ Струга и Струмица, подеднакво отворен за домашни и странски компании.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

J4A3115

Јован Деспотовски осомничен дека како директор на ТИРЗ направил злоупотреби - објавени детали

Македонија | пред 1 година

IMG_5106

Директорот на ТИРЗ Димовски во официјална посета на Текнопанел

Македонија | пред 1 година

J4A3115

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања