Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Толку од летото: Од понеделник доаѓа вистинска есен на Балканот и во Македонија, ќе ни треба и потопла облека

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Почнувајќи од Понеделник (9.9.2024), па речиси во текот на целата наредна седмица територијата на нашата Македонија ќе потпадне под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето.

Во ваква ситуација времето ќе биде многу променливо со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На повеќе места ќе има и развој на конвективни грмотевични облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

— реклама —

За време на оваа циклонска активност, на повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2) локално и над 30 л/м2, со што се можни и локални поплавувања.

— реклама —

И во Скопскиот регион од понеделник (9.9.2024) па во деновите потоа ќе има честа појава на врнежи од дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со појава на град.

— реклама —

Ветерот кој го очекуваме во текот на следната седмица повремено ќе биде со брзина и од над 60 км/час и претежно од северен правец, особено кон крајот на работната седмица и за време на следниот викенд.

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Што се однесува до температурите, тие во текот на следната работна недела ќе бидат значително пониски од сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степени, меѓутоа за време на следниот викенд тие ќе бидат уште пониски и ќе се искачуваат во интервалот само од 19 до 26 степени, а утринските ќе бидат во интервалот од 6 до 14 степени, додека на планинските и на повисоките места ќе бидат и уште пониски.

Со оваа голема промена на времето која ја очекуваме следната седмица, дефинитивно му кажуваме збогум на долгото и тропско лето во Македонија, но и на целиот Балкански Полуостров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 6 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања