Томовски најавува поврзување од болницата Козле до Средно Водно со жичница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Скопје
media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y
ЈСП СКОПЈЕ

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно.

— реклама —

Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно

Како што посочи, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.

— реклама —

-Доколку сакате вие да го паркирате возилото и да бидете сигурни дека има паркинг, за разлика од претходната локација, каде реално нема каде да паркирате возило, и треба да одите пеш - вели Томовски.

Тој најави дека во текот на денешниот ден треба да се одржи состанок со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.

-Ќе имаме состанок на двете теми, со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе ги разговараме двете теми, повторно ќе бараме начин на финансирање и средства од каде можат да се обезбедат тие средства - додаде Томовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер

Скопје | пред 1 месец

media-library3adie9tult5ucJp3S5U

Жичницата од Средно до врв на Водно не работи поради силниот ветер

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања