Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Топлотен бран ја зафати Србија, во неколку градови се измерени над 40 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
toplo-vreme-768x556

Поголем дел од Србија денеска е под црвен метеоаларм поради екстремно високите температури, а во неколку градови се измерени и 40 Целзиусови степени, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Највисока температура од 40 степени е измерена во Кикинда, Зрењанин, Палиќ и Сомбор. Во Нови Сад, Банатски Карловац и Сремска Митровица се измерени 38 степени, додека во Белград, Ваљево и Крагуевац живата на термометарот достигнала 39 степени.

И во планинските предели температурите се значително повисоки од вообичаеното за овој период од годината. На Копаоник се измерени 24 степени, на Златибор 27, а на Црн Врв дури 31 степен.

— реклама —

По критиките од јавноста дека не биле преземени навремени мерки за справување со топлотниот бран, градските власти во Белград денеска поставија цистерни со вода за пиење во централното градско подрачје и на повеќе локации на јавниот превоз.

— реклама —

Во меѓувреме, голем број општини низ Србија апелираа до граѓаните рационално да ја користат водата, со цел да не се наруши редовното водоснабдување во периодот на екстремни горештини.

Метеоролозите најавуваат дека по топлотниот бран, во среда и четврток се очекува промена на времето, проследена со локални невремиња, обилни врнежи, силен ветер и можна појава на град.

— реклама —

Според прогнозите, во четврток невреме е можно во поголемиот дел од Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Рекордни 40,5 степени во Барселона, највисока температура досега

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања