Промени тема
Контакт

Рекордни 40,5 степени во Барселона, највисока температура досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V
Photo by Krists Luhaers on Unsplash

Во Барселона денеска се измерени рекордни 40,5 степени Целзиусови, што е највисоката температура досега забележана во овој шпански град, соопштија регионалните метеоролошки служби.

Со тоа е надминат претходниот рекорд од 40 степени, измерен во јули 2024 година.

— реклама —

И покрај екстремните горештини, експертите посочуваат дека близината на Средоземното Море делумно го ублажува чувството на жештина во еден од најпосетуваните туристички градови во Шпанија.

Шпанската метеоролошка агенција AEMET вчера издаде црвено предупредување за екстремно високи температури во делови од Каталонија, Валенсија и Сарагоса, каде што се очекуваа максимални температури меѓу 40 и 42 степени.

— реклама —

Црвеното предупредување означува исклучително висок ризик, со можни сериозни последици по здравјето на населението и материјалните добра. Според прогнозите, топлотниот бран ќе трае најмалку до утре.

— реклама —

Шпанија е меѓу европските земји најсилно погодени од климатските промени и во последните години сè почесто се соочува со екстремни и долготрајни топлотни бранови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

toplo-vreme-768x556

Екстремен топлотен бран во Европа: Италија со црвен аларм, Унгарија штеди струја

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjldhhh6vv1h16Dk773V

Топлотните бранови одземаат повеќе животи кај жените – причината не е само биологијата

Трендови | пред 3 седмици

toplo-vreme-768x556

Топлотен бран ја зафати Србија, во неколку градови се измерени над 40 степени

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања