Промени тема
Контакт

Тошковски барал да се отвори истрага за лажните боледувања во МВР: Ми беше како трн во око

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryni4kt2dv56qi1kA6qeJ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес рече дека на негово барање била иницирана истрагата на Фондот за здравствено осигурување, која од 500-тини боледувања кај вработени во МВР откри дека 100 од нив се добиени со неправилности.

— реклама —
— реклама —

„Еднс од најфрапантните констатации коишто ги имав во мојот живот генерално, е процентот на боледувања на секој месец во рамки на Министерството за внатрешни работи кога седнав на таа позиција во рамки на техничка влада. Значи, тој процент на боледувања се движи отприлика негде околу 10% во континуитет. И сега, тоа вака ми беше како трн во око, на мое барање, беше отворена истрага во рамки на внатрешна контрола во Министерството, на мое барање лично беше вклучен и ФЗО во рамки на проверките коишто треба да се извршат кај докторите. Поради тоа, беше отворена истрага во рамки на Одделот за внатрешна контрола којашто сè уште не е затворена.

По случаен избор биле одбрани одреден број на случаи, каде што, согласно она што го видов, секој четврти или секој петти од контролираните има индиции дека го злоупотребувал боледувањето. Значи, тоа е катастрофа вака, како процент, ако сме реални. Ова коешто беше констатирано од страна на фондот, се пропусти коишто ги вршеле лекарите. Во рамки на процесуирањето на барањата за боледување на, во конкретниот случај, полициските службеници“, изјави Тошковски.

— реклама —
— реклама —
media-library9i6k2llcnt7m6xiBumf

ФЗО откри лажни боледувања во МВР: изречени казни од 1,2 милиони денари

Полициски службеник четири пати за година и половина менувал матичен лекар за да му издава боледување.Контролата на Фондот за здравство, по барање на Министерството за внатрешни работи, откри дека во втората половина на 2023 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле вкупно 514 боледувања, од кои 83 траеле повеќе од 30 дена. Резултатите покажуваат дека едно од пет боледувања во МВР било неправилно издадено.За време на контролата биле опфатени 105 приватни здравс

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai3p7pmvmidr5pKrsB5

Тошковски: Целта не е само заплена на дрога, туку откривање на криминалните структури и парите зад трговијата

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryevg7f708k5hd3RYUvpE

Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryus25a5p4lgs07YsUkI0

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryaarqdr9jmdqp3lk0GHI

Од девет на три жртви: Тошковски ги посочи резултатите од „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања