Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Тошковски е неспособен за функцијата, му избега или го пушти Блерим Рамадани?, прашува СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-koalicija

„Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне“, вели СДСМ и додава:

— реклама —
— реклама —

Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?

— реклама —
— реклама —

Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања