Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тошковски најави трајно одземање на возила од 1 јануари 2026 ако изигравате нинџи низ улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
toskovski

Системот „Сејв сити“ ќе започне со работа на 1 јануари 2026 година и ќе овозможи автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци, најави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МРТВ.

— реклама —

„Оние што мислат дека можат да се однесуваат како 'нинџи' на улиците – безобѕирно да управуваат моторни возила – нека знаат дека возилото ќе им биде одземено и трајно ставено во функција на институции како МВР, Министерството за труд и социјала, па дури и детска градинка ‘Цветче’“, рече Тошковски со ироничен тон, алудирајќи на прашањето што ќе се прави со скапи возила како „Ферари“.

Министерот објасни дека новиот систем ќе испраќа известувања за прекршоци директно на мобилен телефон. Прекршителите ќе добиваат порака со датумот на прекршокот и линк за пристап до фотографски доказ. За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.

— реклама —

„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со 'Ферари' и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, додаде Тошковски.

Системот „Сејв сити“ е дел од стратегијата за подобрување на безбедноста во сообраќајот и воведување на дигитална контрола во реално време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања