Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Тошковски: Промени за спасување животи - ќе набавиме тестови за дрога за сообраќајната полиција, можност за трајно одземање на возило при најтешки услови за безобзирно возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
pance45

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во своето обраќање на јавната расправа на тема „Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста во сообраќајот“ предложи неколку законски измени во законите кои ја регулираат оваа сфера со цел заштита на безбедноста на граѓаните во сообраќајот и ултимативно намалување на жртви во сообраќајни незгоди.

— реклама —

Министерот Тошковски во своето излагање дефинираше неколку најважни точки на предлог законски измени и унапредувања кои ќе го зајакнат системот со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот:

- Ревидирање на законските одредби кои ги регулираат сообраќајните прекршоци, конкретно сметам дека мора да го ревидираме членот 297а од Кривичниот законик кој се однесува на безобѕирно возење, односно јасно да се разграничи од постоечките одредби кои регулираат сообраќајни прекршоци во ЗБСП во делот на брзото возење и наместо алтернативно да се изрекувва парична казна, истата кумулативно да се изрекува со казна затвор.

— реклама —

- Проширување на можностите на системот „Безбеден град“ да препознава нерегистрирани возила.

- Набавка на тестови за дрога. Веќе сме во подготвителна фаза за набавка и на тестови за дрога, нешто што досега никогаш не било имплементирано, а според анализите, возењето под дејство на опојни дроги е исто толку опасно како и возењето под дејство на алкохол.

- Одземање на возилото при најтешките случаи на безобѕирно возење.

- Инкриминирање на управување на моторно возило без положен возачки испит.

- Дигитализација и целосно поврзување на МВР со судовите со цел полесна евиденција на изречените забрани за управување со моторно возило.

- Целосно имплементирање на системот „Безбеден град“ кој ќе гарантира дека санкциите се спроведуваат доследно и континуирано.

- Аплицирање на промени кои ќе овозможат системот да овозможи ефективна контрола и строги санкции за рецидивистити, преку институционална вмреженост и ефикасна размена на податоци помеѓу институциите. Еден од поголемите проблеми што ги имаме во контекст на сообраќајната безбедност е огромниот расчекор помеѓу бројот на пријавени и осудени прекршители. Постојат бројни случаи каде луѓе кои сториле тешки кривични дела во сообраќајот поминуваат со минимални или дури и условни казни. Казните, колку и да се високи на хартија, не значат ништо ако тие не се изрекуваат, а уште помалку ако не се спроведуваат. Ние мораме да го разбиеме овој систем на компромиси и полуправда, односно неправда.

Министерот потенцираше дека одлуките што ќе се донесат на самата расправа ќе бидат пресудни за тоа дали ќе изградиме општество во кое владее ред и закон или ќе продолжиме да живееме во средина каде што беззаконието и неказнивоста стануваат норма и дека ова е можност која не смее да се пропушти да се направи вистинската промена, промена која ќе спаси животи, што ќе донесе правда и што ќе обезбеди систем што ќе функционира за сите граѓани, подеднакво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toskovski

Ако преминувате улица и зборувате на телефон, чекајте казна - ова се новините во законот кој се менува

Македонија | пред 4 месеци

Pance-toskovski

Полицијата влезе во скопски општини по налог на обвинителство: Се собираат докази за дивоградби

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Обичен дефокус од борбата против криминалот и корупцијата

Македонија | пред 1 година

2-2

Министерот Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Република Франција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања