Промени тема
Контакт

Тошковски тврди дека нема скандал со униформите, негира врски на фирмата со неговата сопруга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.

— реклама —

„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски.

— реклама —

Тој посочи дека досега не се сеќава дека во Македонија има политичар кој е проверуван како работи уште пред да ја добие функцијата.

„Во текот на вчерашниот ден, даден е одговор на сите обвинувања. Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани - согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите - се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.

— реклама —

На крајот, тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.

— реклама —

„Ги повикувам одделите при МВР и Обвинителството да ги истражат сите тендери кај што има сомнежи. Јас преземам сѐ што треба да преземам, се грижам за имплементирање на проектите“, рече Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања