Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Трагедија кај Гостивар: 69-годишен маж загина во сообраќајна несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
soobrakjajka-izletano-vozilo
Илустрација / Скопје1

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрото на регионалниот пат Гостивар – Србиново, животот го загубил 69-годишниот Т.Ф. од селото Беловиште, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Несреќата се случила на влезот кон селото Лакавица, кога патничко возило марка „Даеву Ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од починатиот, излетало од коловозот.

— реклама —

Од здобиените повреди, возачот починал на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

— реклама —

На местото на несреќата увид извршила екипа на ОВР Гостивар, во координација со јавен обвинител, кој издал наредба телото на починатиот да биде предадено на обдукција со цел утврдување на точната причина за смртта.

— реклама —

Полицијата работи на расветлување на околностите под кои се случила несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarygnqu2bjk0a52b4wUDn7

МВР со детали за трагедијата во Радишани: Мотоциклист без регистарски таблички загина на лице место

Скопје | пред 4 часа

media-libraryl5dr5ib1eo1b0WN7Y1S

Кај Богородица пронајдени тројца мигранти, едниот со прострелна рана

Македонија | пред 7 часа

media-library1vo6kr7l1476ejWDj7a

Пукале кон автомобил во Сарај додека во него седеле две лица

Македонија | пред 7 часа

media-libraryfr753o7pd8q4b9MJmtF

Ја нападнал партнерката, а потоа со тврди предмети и го оштетил возилото

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања