Две лица загинаа откако ултралесен приватен авион се урна во близина на аеродромот Точна кај Прага, соопшти чешката полиција.
Несреќата се случила во попладневните часови, а околностите под кои дошло до падот на леталото сè уште се истражуваат.
Чешката полиција преку објава на социјалната мрежа Икс информираше дека е започната истрага за причините за несреќата.
Аеродромот Точна е во сопственост на Музејот на воздухопловството Точна, кој управува со него. Претставник на аеродромот за чешките медиуми изјавил дека урнатиот авион не бил во сопственост на аеродромот.
Од службата за итна медицинска помош во Прага соопштија дека на местото на несреќата биле пронајдени две лица без знаци на живот.