Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трагедија на границата Бугарија-Турција: две лица загинаа, 16 повредени откако автобус тргнал наназад и прегазил патници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarysh812f4nb3u1dgMFSRR
Скопје1.мк / ИЛУСТРАЦИЈА

Ужасен инцидент со автобус се случил во непосредна близина на граничниот пункт кај Малко Трново меѓу Бугарија и Турција, при што загинаа две лица, а 16 се повредени. Во првичниот биланс се наведува дека станува збор за украински автобус со патници кои биле украински државјани.

— реклама —

Според првичните информации, возилото застанало на патот откако останало без гориво. Патниците биле изведени надвор, но автобусот потоа ненадејно тргнал наназад и прегазил дел од луѓето кои се наоѓале зад него.

— реклама —

По список, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, односно вкупно 39 лица. По инцидентот автобусот завршил во ров, а од местото се извлечени сите патници и возачите.

— реклама —

Шестмина од повредените биле транспортирани во здравствени установи во Бургас, додека десет лица се однесени во центарот на итната медицинска помош во Малко Трново. Останатите од групата привремено се сместени во дневен центар во пограничниот град.

Надлежните служби продолжуваат со утврдување на околностите и причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

Скопјани револтирани од јавниот превоз: Автобуси нема, а оние што доаѓаат се преполни

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb9aavco86lph6hVira3

(Видео) Сака автобусот да му биде беспрекорно чист, па возачот лично им ги чисти обувките на патниците

Вирално | пред 1 седмица

media-library0hlote02eapc3Keyqzt

„Авто Атом“ престана со работа: Кочани остана без единствениот меѓуградски превозник

Македонија | пред 1 месец

media-library6av53lqj8nh76slIP1V

Скопје се подготвува за новите електрични автобуси: Полначите ќе бидат на три локации

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања