Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Германија: Четворица тинејџери мопедисти загинаа откако автомобил удрил во нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryru33gus5snuq208c5cg
Илустрација

Четворица млади луѓе ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа во германската покраина Бранденбург, откако автомобил удрил во три мопеди. Несреќата се случила во средата вечерта на патот меѓу Бизентал и Вулвинкел.

— реклама —

Според првичните сознанија на германската полиција, 61-годишниот возач на автомобилот се обидел да претекне неколку возила. При маневарот навлегол во спротивната лента, каде што се движеле четири мопеди, при што удрил во три од нив.

На местото на несреќата животот го загубиле тројца мопедисти, на возраст од 15, 16 и 19 години, како и 14-годишна девојка, која била сопатничка на еден од мопедите. Четвртиот мопедист успеал да го избегне директниот удар.

— реклама —

По судирот, автомобилот се запалил, излетал од патот и завршил превртен во канал покрај коловозот. Пожарникари, полиција и екипи на итната медицинска помош веднаш пристигнале на местото, но за четворицата млади лица немало спас.

— реклама —

Патот бил целосно затворен во текот на ноќта, додека надлежните служби вршеле увид и ги истражувале околностите што довеле до несреќата.

На местото пристигнале и семејствата на загинатите, на кои им била обезбедена психолошка помош. Поддршка била обезбедена и за припадниците на спасувачките екипи, кои учествувале во интервенцијата.

Германските власти сè уште не ги соопштиле имињата на загинатите. Постапката за нивна идентификација е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 1 ден

— реклама —
nafta

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Свет | пред 2 дена

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 2 дена

media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања