Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Јужна Африка: Почина репрезентативец кој настапи на Мундијалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryjsrjvsajl0okbo7EFea
screenshot youtube

Јужноафриканскиот репрезентативец Џејден Адамс почина на 25-годишна возраст, само неколку недели по настапот на Светското првенство 2026, пренесуваат локалните медиуми.

— реклама —

Играчот од средниот ред на Мамелоди Сандаунс беше дел од репрезентацијата на Јужна Африка на Мундијалот, каде што настапи на три натпревари. Тој беше стартер на првите два дуела против Мексико и Чешка, а во победата над Јужна Кореја влезе од клупата за резерви. Последниот натпревар на неговата репрезентација беше осминафиналниот дуел против Канада, на кој не настапи.

— реклама —

Помалку од еден ден пред да биде објавена веста за неговата смрт, Адамс на социјалните мрежи сподели фотографија со својата девојка Акуила, а веста за неговото ненадејно заминување предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од фудбалската јавност.

Со емотивно соопштение се огласи и Синдикатот на јужноафриканските фудбалери, кој истакна дека Адамс бил исклучителен талент, посветен спортист и млад човек со голема иднина.

— реклама —

„Неговото заминување претставува огромна загуба за неговото семејство, соиграчите, клубовите, фудбалската заедница и целата земја. Изразуваме најискрено сочувство до неговото семејство, Мамелоди Сандаунс, Стеленбош, репрезентацијата на Јужна Африка и до сите што имаа чест да го познаваат“, наведоа од САФПУ.

Адамс минатото лето премина од Стеленбош во Мамелоди Сандаунс, а за репрезентацијата на Јужна Африка дебитираше во 2024 година. Во националниот дрес забележа девет настапи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 6 дена

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 1 седмица

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 1 седмица

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања