Жена загина во напад од ајкула во Јужна Африка, затворени две плажи
Жена го загубила животот по напад од ајкула додека пливала во близина на градот КуГомпо, во провинцијата Источен Кејп во Јужноафриканската Република, објави јавниот сервис САБЦ.Нападот се случил во вторник на плажата Ориент. Општината Бафало Сити, чие седиште е во КуГомпо, соопшти дека станува збор за трагичен инцидент.По нападот, властите донеле одлука за затворање на плажата Ориент и блиската Источна плажа до понатамошно известување.
Свет | пред 1 седмица