Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Четворица убиени по комеморација во Јужна Африка, меѓу ранетите и дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryru33gus5snuq208c5cg
Илустрација

Четири лица го загубиле животот, а уште три биле ранети во вооружен напад врз група луѓе кои се враќале од комеморација за локална политичка лидерка во населбата Катлехон, југоисточно од Јоханесбург, соопшти полицијата во Јужна Африка.

— реклама —

Пукањето се случило доцна синоќа, а меѓу повредените има и дете. Според првичните информации од полицијата, на местото на нападот загинале двајца мажи, но бројот на жртвите денеска се зголемил на четири, откако уште две лица им подлегнале на повредите во болница.

— реклама —

Осомничениот напаѓач е во притвор, откако самиот ѝ се предал на полицијата, пренесува Асошиејтед прес. Истрагата ја води посебен тим на Полициската служба на Јужна Африка, задолжен за случаи на убиства со политички мотиви.

Според извештаите на локалните медиуми, дел од жртвите биле членови на младинскиот огранок на Африканскиот национален конгрес (АНК), најголемата партија во парламентот на Јужна Африка.

— реклама —

Комеморацијата била посветена на локална лидерка на АНК, која претходно овој месец била убиена во напад за кој постои сомневање дека имал политичка заднина. Полицијата засега не го потврдила идентитетот на жртвите, наведувајќи само дека тие присуствувале на комеморација за „член на политичка партија“.

— реклама —

Јужна Африка бележи висока стапка на криминал со употреба на огнено оружје, вклучително и престрелки поврзани со локални политички ривалства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Маскирани напаѓачи во Јужна Африка брутално мачеле 50-годишен фармер и му ги отсекле ушите

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-library97fta0ttagj8cXzyTBt

Жена загина во напад од ајкула во Јужна Африка, затворени две плажи

Свет | пред 2 седмици

limuzina

Околу 200 лица, меѓу нив и деца, пронајдени затворени во нелегален центар во Јужна Африка

Свет | пред 3 седмици

media-libraryko84o4nc3v7ldqbQ0ZO

(Видео) Насилни протести против имигрантите во Јужна Африка, запалени 24 автомобили

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања