Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Насилни протести против имигрантите во Јужна Африка, запалени 24 автомобили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryko84o4nc3v7ldqbQ0ZO

Насилни протести против имиграцијата избувнаа вчера во јужноафриканските градови Совето и Дурбан, каде што демонстрантите палеле автомобили и ограбувале продавници во сопственост на странски државјани. Немирите следуваат по одлуката на Уставниот суд, со која се олеснува поднесувањето барања за азил, пренесува „Еуроњуз“.

Според полициските податоци, во Совето, во близина на канцеларијата на Министерството за внатрешни работи во населбата Орландо Вест, биле запалени десет автомобили. Биле ограбени и повеќе продавници чии сопственици се странски државјани. Пожарникарите интервенирале за да ги изгаснат пожарите, додека полицијата ги блокирала околните улици.

— реклама —

Слична била состојбата и во Дурбан, каде што била испратена интервентна полиција по пријави за грабежи и подметнување пожари. Во градот изгореле 14 автомобили.

— реклама —

Повод за протестите е пресудата што Уставниот суд ја донел во јули, со која се отстрануваат пречките за поднесување барања за азил. Одлуката се однесува и на мигрантите кои нелегално влегле во земјата. Властите соопштиле дека канцелариите за прием на бегалци се преоптоварени со барања.

— реклама —

Владата најавила зголемување на капацитетите за обработка на податоците и засилени проверки на идентитетот. Истовремено, нагласила дека судската одлука не значи дека барателите автоматски ќе добијат статус на бегалци.

Полицијата потврдила дека во Совето нема повредени лица и најавила кривично гонење на сите што учествувале во насилството и уништувањето имот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library97fta0ttagj8cXzyTBt

Жена загина во напад од ајкула во Јужна Африка, затворени две плажи

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
limuzina

Околу 200 лица, меѓу нив и деца, пронајдени затворени во нелегален центар во Јужна Африка

Свет | пред 1 седмица

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Четворица убиени по комеморација во Јужна Африка, меѓу ранетите и дете

Свет | пред 2 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Масовна престрелка во бар во Јужна Африка: Убиени 17 лица, напаѓачите пукале со калашникови и пиштоли

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања