Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Косово: Убиена бремена жена, а нејзиниот сопруг се бори за живот – биле застрелани во нивната спална соба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Трагичен настан го потресе косовското село Кервасари во близина на Малишево, каде што 25-годишна бремена жена беше убиена, а нејзиниот 26-годишен сопруг тешко ранет во пукање.

— реклама —

Полицијата го добила случајот синоќа околу 23:20 часот, по што полициски екипи излегле на местото на настанот и во спалната соба го пронашле брачниот пар со прострелни рани. На местото било пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека било употребено во пукањето.

„Случајот е пријавен во полицијата синоќа околу 23:20 часот, а по пристигнувањето на местото на настанот, полициските единици пронајдоа брачен пар ранет од огнено оружје во спалната соба“, изјавила Вљера Красниќи, портпаролка на косовската полиција за регионот Ѓаковица.

— реклама —

Жената им подлегнала на повредите пред да пристигнат медицинските екипи.

— реклама —

Од Ургентниот центар во Приштина соопштија дека околу 00:15 часот биле примени две лица од регионот на Малишево. Кај 25-годишната жена биле констатирани прострелни рани и таа пристигнала без знаци на живот.

Нејзиниот 26-годишен сопруг бил примен со прострелни рани и е задржан на лекување. Неговата здравствена состојба е оценета како многу сериозна.

— реклама —

Полициските и форензичките екипи извршиле увид на местото на настанот. Во рамки на истрагата бил запленет и еден револвер, а надлежните органи работат на утврдување на точните околности и мотивите за пукањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Татко и тримесечно бебе пронајдени мртви во семејна куќа во Косово, уапсен дедото

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr5dqtmqk50t1bxa0Pv5

Украдени над 100 парчиња огнено оружје од магацин во Косово, полицијата истражува

Свет | пред 1 седмица

media-libraryahfla9bsv2r48KKDwUl

Минибус без патници, а во подот милион евра – Германец признал дека парите му припаѓаат за да ги добие назад, ама заврши во притвор

Свет | пред 2 седмици

kosovo-1

Приштина трага по 54-годишен маж од Ѓаковица, исчезнат пред шест дена

Балкан | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања