Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Пула: 73-годишен маж починал откако паднал во море при качување на чамец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Балкан
Screenshot-2022-08-28-102929

Седумдесет и тригодишен маж го загубил животот во несреќен случај што се случил во спортското пристаниште Делфин во Пула, соопшти хрватската полиција.

— реклама —

Според информациите, полицијата вчера нешто по пладне добила пријава за починато лице на подрачјето на пристаништето, по што на местото излегле полициски службеници и надлежен јавен обвинител.

— реклама —

Со извршениот увид било утврдено дека 73-годишникот, при качување на чамец со пулски регистарски ознаки, паднал во морето, по што починал.

Од полицијата информираат дека досегашната истрага не укажува на тоа дека смртта е последица на кривично дело.

— реклама —

По наредба на надлежните органи, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, која треба да ги утврди точните околности и причината за смртта.

— реклама —

Истрагата за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања