Промени тема
Контакт

Трагедија во САД: Дете пукало во таткото откако му бил одземен „Нинтендо свич“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
sad-policija

Единаесетгодишно момче од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинето за убиство откако, според истрагата, со огнено оружје го застрелало и усмртило својот татко, револтирано затоа што му била одземена играчката конзола „Нинтендо свич“. Трагедијата се случила на 13 јануари во семејната куќа во населбата Данканон Боро.

— реклама —

Полицијата била повикана околу 3:20 часот по полноќ, по пријава за „онесвестен маж“. По пристигнувањето, полициските службеници го пронашле 42-годишниот Даглас Диц без знаци на живот, легнат во кревет со прострелна рана во главата. Тој бил во спалната соба што ја делел со сопругата, а која, според судските документи, била поврзана со собата на детето преку плакар.

По спроведената истрага, како осомничен бил идентификуван неговиот 11-годишен син. Според полицискиот извештај, момчето, на кое тој ден му бил роденден, влегло во собата извикувајќи дека татко му е мртов, а пред полицајците и мајката рекло: „Јас го убив тато“.

— реклама —

Истражителите утврдиле дека пукањето се случило откако родителите легнале да спијат по полноќ. Детето во изјава навело дека денот го поминале убаво, но се налутило кога таткото му рекол дека е време за спиење. На прашањето што се случило, тој им рекол на полицајците: „Пукав во некого“, додавајќи дека целта му бил токму татко му.

— реклама —

Според судските документи, момчето објаснило дека клучот од сефот со оружје го нашло во фиока во родителската спална соба, додека го барало „Нинтендо свич“, кој претходно му бил одземен. Откако го отклучило сефот, внатре пронашло пиштол.

Во изјавата до полицијата, детето признало дека го извадило оружјето, ставило куршуми, се доближило до креветот од страната каде што лежел таткото и пукало. На прашањето што мислело дека ќе се случи, одговорило дека било лути и дека не размислувало за последиците.

— реклама —

На момчето му е одбиена кауција, а судското рочиште е закажано за 22 јануари. Случајот предизвика силни реакции во американската јавност и повторно го отвори прашањето за безбедноста на оружјето во домовите со деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 13 часа

— реклама —
media-library5jebd9k05gu36kSv5dj

Криста Пајк одбила последен оброк пред неуспешната егзекуција, побарала парите да им се дадат на бездомниците

Свет | пред 16 часа

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп сака САД да престанат со поместувањето на часовникот, предлогот заглави во Сенатот

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Европа се согласи веднаш да ослободи огромни количини дизел

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања