Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трагедија во Уганда: Загинаа 20 ученици кога училишен автобус излета од патот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4nlthnuj918de1mivS3

Најмалку 21 лице, меѓу кои 20 ученици од основно училиште и едно возрасно лице, загинаа во тешка сообраќајна несреќа со училишен автобус во источниот дел на Уганда.

— реклама —

Според информациите од локалната полиција, автобусот се враќал од училишен излет кога возачот, најверојатно, ја загубил контролата над возилото. Автобусот излетал од коловозот, удрил во голема карпа и се превртел.

— реклама —

Во несреќата се повредени уште три возрасни лица и повеќе деца, а точниот број на повредени сè уште не е соопштен.

Автобусот бил во сопственост на основното училиште „Кинг Дејвид“, кое се наоѓа во близина на главниот град Кампала. Според првичните информации, учениците се враќале од излет до водопадите Сипи во областа Капчорва.

— реклама —

Несреќата се случила околу 20 часот по локално време. Полицијата објави фотографија од целосно уништениот и превртен автобус и соопшти дека е започната истрага за утврдување на причините за трагедијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Уганда воведува 21-дневен карантин за граѓаните кои се враќаат од Конго

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library06rd5p7hr7nccaP3R87

Од новинар до крал: Телевизиски водител избран за нов владетел на кралството Тооро во Уганда

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања