Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Уганда воведува 21-дневен карантин за граѓаните кои се враќаат од Конго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm
фото: unsplash

Уганда ќе воведе 21-дневен карантин за своите граѓани кои се враќаат од Демократска Република Конго и претходно престојувале во таа земја, каде што е регистрирана епидемија на ебола. Ова го соопшти денеска министерот за здравство на Уганда, Крис Бариомунси, пренесува Танјуг.

— реклама —

На прес-конференција, министерот изјавил дека за сите 60 лица кои биле во контакт со лице заразено со ебола во Кенија завршил 21-дневниот период на следење и дека тие повеќе не се под здравствен надзор, објави Ројтерс.

— реклама —

Според најновите податоци на Светската здравствена организација (СЗО), објавени на 23 октомври, до 20 октомври во Демократска Република Конго биле регистрирани 9.704 потврдени случаи на ебола во осум провинции, а 4.687 лица починале.

Епидемијата на ебола во Уганда беше прогласена за завршена кон крајот на август. Во текот на епидемијата биле потврдени 20 случаи, од кои 18 лица ја преживеале болеста, додека две починале.

— реклама —

СЗО на 8 октомври соопшти дека лице заразено со ебола во Демократска Република Конго патувало преку Уганда до Кенија. По овој случај, во Уганда биле активирани мерки за следење на контактите.

Новите мерки на Уганда се насочени кон граѓаните кои се враќаат од Конго и имаат историја на патување во земјата погодена од епидемијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library06rd5p7hr7nccaP3R87

Од новинар до крал: Телевизиски водител избран за нов владетел на кралството Тооро во Уганда

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-library4nlthnuj918de1mivS3

Трагедија во Уганда: Загинаа 20 ученици кога училишен автобус излета од патот

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања