Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на исчезнат 87-годишник покрај река во Пршовце

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr
Фото: ФБ / МВР

Тело на 87-годишен жител на тетовското село Пршовце било пронајдено покрај реката Бистрица, во атарот на селото, откако претходно бил пријавен за исчезнат. Лекар констатирал смрт, при што на телото не биле забележани видливи траги на насилство.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 17 октомври во 12:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Џ.А. (41) од Пршовце пријавил дека пронашол тело без знаци на живот покрај реката Бистрица.

— реклама —

Полициските службеници веднаш излегле на местото и утврдиле дека станува збор за Е.Е. (87) од истото село. Смртта била констатирана од лекар во 12:45 часот.

— реклама —

Осумдесет и седумгодишниот маж бил пријавен за исчезнат истиот ден, во 2 часот по полноќ, од неговиот син Џ.А. Според пријавата, Е.Е. во раните утрински часови на 16 октомври се оддалечил во непознат правец од семејниот дом во Пршовце.

— реклама —

На местото на настанот бил извршен увид во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лекар по судска медицина и увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryir3376islrh77wbHiEE

Возеле без положен испит, пијани или со забрана – 11 лица уапсени

Македонија | пред 50 минути

— реклама —
media-libraryoe1v2ag9t07v24U3qyq

Инцидент на семејна прослава: Две жени се здобиле со тешки изгореници

Скопје | пред 1 час

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 1 ден

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања