Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Трајчулески: Укинувањето на техничката влада на сила и без консензис ја покажува задната намера на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryqmvgm43a9oet25XmuK5

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ 24 оцени дека укинувањето на техничката влада без консензус ја открива, како што рече, задната намера на власта, стои во соопштение на СДСМ.

— реклама —

Трајчулески, според соопштението на СДСМ, истакна дека суштината на техничката влада е во обезбедување доверба меѓу политичките актери и гаранции дека институциите нема да бидат злоупотребени за партиски цели, додавајќи дека ваквите решенија не треба да се носат без широк политички дијалог.

— реклама —

Во изјавата, како што пренесува СДСМ, Трајчулески потсети дека моделот на пржинска влада е воспоставен во 2015 година како одговор на оценките за заробена држава и злоупотреби на институциите, со цел обезбедување кредибилен изборен процес.

Тој нагласи дека изборниот законик и пржинската влада се меѓусебно поврзани и не можат да се разгледуваат одвоено, стои во соопштението на СДСМ, додавајќи дека сите измени во изборната регулатива треба да се носат со консензус меѓу политичките партии.

— реклама —

Трајчулески оцени дека носењето на законот по скратена постапка без дијалог претставува проблематичен пристап и дел од реформската агенда треба да се реализира преку редовна и транспарентна процедура, пренесува СДСМ.

Тој предупреди дека ваквиот начин на постапување отвора сомнежи за вистинските намери на власта и најави дека СДСМ може да се повлече од работната група доколку продолжи носењето на законот без консензус, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryn5v4vrilt7918h7a08U

„Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 10 часа

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Македонија | пред 1 ден

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања