Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп: Ако победи Камала, Израел ќе престане да постои во рок од две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека еврејските американски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември и ако победи актуелниот потпретседател и кандидат на демократите Камала Харис.

— реклама —

Во говорот на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот американски претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.

— реклама —

„Израел веројатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократи“, тврди Трамп.

— реклама —

„Ако јас не победам на овие избори, а еврејскиот народ, ако тоа навистина се случи, ќе има многу врска со тоа бидејќи 40 отсто, мислам, 60 отсто од нив гласаат за непријателот - Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, им рече Трамп на толпата.

Трамп се осврна на анкетата која покажа дека Харис освоил 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи. Во исто време, тој изрази жалење што на изборите во 2016 година, на кои победи, и на изборите во 2020 година, на кои победи демократскиот претседател Џо Бајден, доби помалку од 30 отсто од гласовите на американските Евреи.

Не е јасно на која анкета се повикува поранешниот претседател, но неодамнешната анкета на Pew Research покажа дека американските Евреи ја поддржуваат Камала Харис пред Трамп - 65 наспроти 34 проценти.

Трамп даде слична изјава на посебен самит претходно истата вечер во Вашингтон, посветен на борбата против антисемитизмот во Америка.

Тој направи приоритет во својата кампања да ги придобие еврејските гласачи во клучните држави за победа.

Американските Евреи со децении ги фаворизираа демократите на федералните избори, а тоа не се промени до денес, но само мала промена во нивниот глас може да го одреди победникот во ноември.

Повеќе од 400.000 Евреи живеат во клучната држава што го одредува победникот на изборите, Пенсилванија. Таму, во 2020 година, Бајден победи со предност од 81.000 електорски гласови.

Пред говорот на Трамп, портпаролот на кампањата на Камала Харис, Морган Финкелштајн го критикуваше поранешниот претседател дека повремено се поврзува со антисемитисти. Трамп ги отфрли сите обвинувања за антисемитизам, посочувајќи во говорот во четвртокот дека неговиот зет е Евреин.

Но, во истиот говор, тој не одговори на извештајот на CNN објавен претходно истиот ден во врска со изјавата на републиканскиот кандидат за гувернер во Северна Каролина, Марк Робинсон. Робинсон, наводно, еднаш се нарекол себеси „црн нацист“ во коментарите објавени на порнографска веб-страница и се залагал за враќање на ропството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 1 ден

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Колку е успешна војната на Доналд Трамп со Иран по еден месец?

Свет | пред 1 ден

media-librarycta19g0jh1me8IGVhI4

(Видео) Трамп со вулгарна изјава за саудискиот принц – нова дипломатска бура

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања