Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп се закани со огромни даноци за американските компании што градат центри за податоци во странство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 16 минути -

Свет
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Американскиот претседател Доналд Трамп најави високи даноци и финансиски казни за американските компании што ќе инвестираат во изградба на центри за податоци надвор од САД. Тој порача дека ваквите капацитети треба да се развиваат исклучиво на американска територија.

— реклама —

„Нема да им дозволиме на нашите компании да градат центри за податоци надвор од нашата земја“, изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа, пренесе „Блумберг“.

— реклама —

Тој предупреди дека компаниите што ќе ги насочат инвестициите кон други држави ќе се соочат со „огромни даноци“ и казни. Според Трамп, дозволувањето на американските компании да го преселат производството на полупроводници во странство веќе им нанело штета на САД и придонело земјата да заостане во одредени стратешки индустрии.

Трамп оцени и дека Кина би можела да ја преземе водечката улога во развојот на центрите за податоци доколку американските компании продолжат да инвестираат надвор од земјата.

— реклама —

Американскиот претседател истовремено ги повика граѓаните да ја поддржат изградбата на вакви капацитети во нивните локални заедници, но и да бараат конкретни придобивки од инвеститорите.

— реклама —

„Треба да ги искористите предностите што ги носат центрите за податоци. Барајте да ви платат, да ѝ платат на вашата заедница, но немојте да ги отфрлате“, порача Трамп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп најави вето на законите на демократите: „Ќе им блокирам сè ако ја преземат контролата врз Конгресот“

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Бела куќа: Зеленски, одбројувањето започна!

Свет | пред 19 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Таен подарок за Трамп: Полскиот претседател му подари фотелја украсена со килибар, медиумите ја нарекоа „трон“

Свет | пред 1 ден

media-libraryji0c2jrmaopt7MMtcAo

Путин бил бесен поради нападот врз мостот кон Крим, тврди Трамп

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања