Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Трамп бара Музејот на американската историја да постави огромни статуи на Џорџ Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarycop8dant9rt9e0DRFJ2
The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп побара пред и во Националниот музеј на американската историја во Вашингтон да бидат поставени огромни статуи на Џорџ Вашингтон, во рамки на неговите напори да влијае врз федералните културни институции.

— реклама —

Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“ побара пред музејот да биде поставена „колосална статуа“ на Вашингтон, висока девет метри.

Тој исто така предложи во централниот дел на музејот, познат како „Flag Hall“, да биде поставена уште една статуа на првиот американски претседател, висока повеќе од три метри. Статуата беше изложена во август за време на трката „Freedom 250“ од серијата IndyCar, одржана во центарот на Вашингтон по повод 250-годишнината од американската независност.

— реклама —

Трамп побара и петгодишна изложба посветена на животот и наследството на Вашингтон, во пресрет на 300-годишнината од неговото раѓање на 22 февруари 2032 година.

— реклама —

„Тој е убедливо најголемиот американски херој. Без него, нашата земја и нашите слободи немаше да постојат“, напиша Трамп.

Комплексот музеи „Смитсонијан“ е во фокусот на Трамп уште од 2025 година, кога тој го обвини дека ги прикажува САД во „страшно“ светло. Во извештај од 162 страници, Белата куќа го критикуваше музејот поради, како што наведе, омаловажување на белите Американци, мажите и христијаните.

Во јули, Трамп нареди пред Националниот музеј на американската историја да бидат поставени табли со предупредувања дека музејот, според него, содржи дезинформации за американската историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 16 часа

orban-tramp1

Трамп наводно го посакува Виктор Орбан за генерален секретар на ОН

Свет | пред 1 ден

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања