Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Трамп: Белата куќа ја водат фашисти, марксисти, комунисти. На Бајден му беше одземен мандатот како да е дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Кандидатот на Републиканската партија за претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека одлуките во Белата куќа ги носат група „фашисти, комунисти и марксисти“.

— реклама —

Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека „тие“, за разлика од него, се закана за демократијата.

„Мислам, погледнете што направија. На Бајден му ја одземаа кандидатурата за претседател како да е дете. Му ја одзедоа претседателската функција. Неговата сопруга не сакаше тоа да се случи“, рече Трамп.

— реклама —

Како што рече, демократите учествуваа во „државен удар“ со заменување на Бајден на врвот на листата со потпретседателката Камала Харис, неколку месеци откако милиони гласачи го дадоа својот глас.

— реклама —

На прашањето на новинар кој ја води земјата додека Харис е на кампањата, поранешниот претседател рече „група луѓе кои се фашисти, комунисти, марксисти“.

„Тие кружат околу Овалната соба и Министерството за правда“, рече Трамп.

— реклама —

На прашањето на новинарот дали мисли дека Бајден не носи ниту една од големите одлуки, Трамп рече „не, мислам дека не знае дека е жив“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryr3ol6428dv1nfzdQFDZ

(Видео) Трамп го поврза своето разбирање на науката со семејното потекло: „Можеби сум генетски благословен“

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп се закани со огромни даноци за американските компании што градат центри за податоци во странство

Свет | пред 22 часа

media-libraryn34s6k2qvq8tc2Oa9kV

Трамп најави вето на законите на демократите: „Ќе им блокирам сè ако ја преземат контролата врз Конгресот“

Свет | пред 1 ден

media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Бела куќа: Зеленски, одбројувањето започна!

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања