Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Трамп: „Да не бев јас, Израел денес немаше да постои“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library4nigvcra2gqibbsrM3R

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го убедил или изманипулирал да влезе во воен конфликт со Иран, нагласувајќи дека одлуката била исклучиво негова.

Во изјава дадена пред новинарите во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, Трамп порача дека не дозволил никој да влијае врз неговата одлука.

— реклама —

„Да ме измами тој мене? Јас сум тој што го започна тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека причината за ваквиот пристап е уверувањето дека на Иран не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје.

— реклама —

Американскиот претседател оцени дека обвинувањата доаѓаат од неговите политички противници, кои ги нарече „глупократи“.

„Тоа се луѓе кои не знаат што прават“, рече Трамп.

— реклама —

Тој потсети дека неговото противење на иранската нуклеарна програма датира уште од неговиот прв претседателски мандат, кога Соединетите Американски Држави се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран, склучен во 2015 година за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

— реклама —

Според Трамп, прашањето е особено важно за Израел, кој, како што наведе, би бил меѓу првите цели доколку Иран се стекне со нуклеарно оружје.

„Тоа е важно за Израел бидејќи веројатно ќе биде прв на удар“, изјави Трамп, додавајќи: „Ќе ви кажам нешто: да не бев јас, Израел денес немаше да постои“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 18 часа

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања