Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Трамп го прогласи фентанилот – најсмртоносната дрога во Америка – за хемиско оружје за масовно уништување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryjiqlvejrdoogbqggILa
YouTube/Print Screen

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера потпиша извршна уредба со која фентанилот се прогласува за „оружје за масовно уништување“, со што овој синтетички опиоид не се третира само како смртоносна дрога, туку и како потенцијално хемиско оружје.

Уредбата наложува и Пентагон и американското Министерство за правда да преземат дополнителни мерки во борбата против производството и дистрибуцијата на оваа супстанца. Одлуката доаѓа во период кога администрацијата на Трамп сè почесто применува поригорозни и поизразено милитаризирани методи во борбата против криумчарењето дрога.

— реклама —

Од Белата куќа соопштија дека оваа мерка „ги активира сите алатки за борба против картелите и странските мрежи одговорни за преплавување на заедниците со оваа смртоносна материја“, со предупредување дека фентанилот може да се искористи за „концентрирани, масовни терористички напади од организирани противници“.

„Илегалниот фентанил е поблиску до хемиско оружје отколку до наркотик“, се наведува во уредбата на Трамп. Засега не е јасно какви непосредни последици ќе има оваа одлука врз националните политики. Веќе постојат кривични дела за закана со употреба или обид за употреба на оружје за масовно уништување.

— реклама —

Историски гледано, оружјето за масовно уништување се дефинира како „радиолошко, хемиско, биолошко или друго средство наменето за нанесување штета на голем број луѓе“, според американското Министерство за внатрешна безбедност.

Уредбата следи по обидите на администрацијата на Трамп оваа година да ги прогласи нарко-картелите за странски терористички организации, што би послужило како оправдување за воена интервенција против нив.

— реклама —

Од почетокот на септември администрацијата на Трамп извела повеќе од 20 напади врз пловила за кои се сомнева дека се поврзани со криумчарењето дрога во Карипското Море и Тихиот Океан, при што биле убиени повеќе од 80 лица.

Војни аналитичари предупредуваат дека картелите кои оперираат во Карипскиот регион најчесто пренесуваат кокаин, а не фентанил, кој главно се упатува кон Европа, а не кон САД.

— реклама —

Многу од хемикалиите потребни за производство на фентанил доаѓаат од Кина. Мексико е најголемиот извор на незаконски фентанил што завршува во САД, додека оваа супстанца е еден од водечките причини за смртни случаи од предозирање, иако бројот на такви случаи е во опаѓање последните години.

Трамп и понатаму го посочува фентанилот како една од најголемите закани, настојувајќи проблемот да го решава со трговски мерки и построги казни за криумчарите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4639

Европа алармира: Секоја недела се појавува нова дрога, синтетичките опиоиди носат смртоносен ризик

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library6325v6d2tpncaPYopjS

Во Германија запленети 636 килограми кокаин, уапсени повеќе лица од меѓународна нарко-мрежа

Свет | пред 2 седмици

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја

Македонија | пред 1 месец

media-librarytljgr9mqs14d7j3ZiSU

Чешката полиција пронашла дрога во автомобил на руски епископ

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања