Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Во Германија запленети 636 килограми кокаин, уапсени повеќе лица од меѓународна нарко-мрежа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-library6325v6d2tpncaPYopjS

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи и германската царинска управа во Минхен спроведоа заедничка истрага против криминална група, осомнена за набавка, криумчарење и продажба на дрога на територијата на Европската Унија и Србија.

Како што соопшти српското МВР, соработката започнала на почетокот на 2025 година, кога во Германија, при рутинска контрола на автомобил, биле запленети 16,5 килограми кокаин, а биле приведени две лица.

— реклама —

Натамошната истрага утврдила поврзаност со криминална група која дејствувала во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Врз основа на интензивната размена на информации меѓу српските и германските истражители, германската полиција спроведила акција во која биле уапсени Б.П., Д.Ј. и Ф.У., а при претресите биле запленети 636 килограми кокаин и две парчиња огнено оружје.

— реклама —

Во рамки на истата истрага, на територијата на Србија досега се уапсени седум лица и се запленети 35,6 килограми наркотични средства.

Од српското МВР оценуваат дека акцијата претставува уште една потврда за меѓународната соработка во борбата против трговијата со дрога и најавуваат продолжување на активностите за откривање и процесуирање на припадници на вакви криминални мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Лишен од слобода кумановец кај кого била пронајдена бела прашкаста материја

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytljgr9mqs14d7j3ZiSU

Чешката полиција пронашла дрога во автомобил на руски епископ

Свет | пред 3 седмици

media-libraryt01un804g9469k4t9ol

Најголема заплена на дрога во Европа: 30 тони кокаин вреден 812 милиони евра

Свет | пред 1 месец

Hrvatska-policija-620x350

Словенец уапсен во Хрватска – полицијата пронашла лабораторија за марихуана и над 4 килограми дрога

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања